Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСкандал во Грција: Вработени во парламентот со лажни дипломи

Скандал во Грција: Вработени во парламентот со лажни дипломи

Грците не можат да се одвикнат од своите фалсификаторски навики. Овој пат, претседателот на грчкиот парламент отпушти седуммина вработени, бидејќи при вработувањето поднеле лажни академски дипломи.

Одлуката за врачување откази ја потпишал претседателот на парламентот Никос Вуцис, пренесува Танјуг. Меѓу обвинетите се советникот на поранешниот премиер Костас Симитис и поранешен секретар на еден од пратениците. Минатиот ноември грчкиот парламент отпушти 16 вработени поради фалсификување на академските дипломи.