HomeАНТИСТРЕСПатувањеСкадарлија ќе „осиромаши“ – се продава една од најпознатите балкански кафани

Скадарлија ќе „осиромаши“ – се продава една од најпознатите балкански кафани

Кој бил на Скадарлија во Белград сигурно поминал и тука. „Шешир мој“, култната кафана во која пиеле и Караѓорѓевиќ и Ѓоковиќ, се продава после 25 години. Седумдесет и двегодишниот газда Владо Илиќ вели дека кафаната ја продава бидејќи нема свој наследник.

– Син ми се подготвуваше да ја преземе работата, заврши и средно угостителско училиште. Но, неодамна тој почина, па сите мои планови ги прекинав – вели газдата.

Во кафаната, која со години е неизоставен дел на овој сокак со калдрма, Илиќ вели ги поминал најубавите години од животот, а сега заслужено заминува во пензија.

– Ресторанот и денес одлично работи, но после смртта на мојот син изгубив и волја и елан. Новиот сопственик со нов жар ќе ја унапреди работата – смета тој.

Повеќето работници и тамбурашите, кои секој ден настапуваат, се во кафаната уште од нејзините почетоци. Фасадата на овој објект седум пати е прогласена за „најрасцветана во Белград“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com