Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО утре ќе објави нова „Т“ истрага

СЈО утре ќе објави нова „Т“ истрага

Специјалното јавно обвинителство за утре во 11 часот најави нова прес конференција за јавноста.

„Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“, се вели во најавата на СЈО. Од таму не сакаат да откријат детали за каква истрага се работи. Последниот случај што го обелодени СЈО беше под името „Труст“, а се однесува на неправилности при доделување на државен тендер на ЕЛЕМ. Според СЈО, конзорциум составен од „трансмет“, „Силекс неметали“ и „Вато“ незаконски наплатиле 17 милиони евра државни пари за тендерот од 2011 година. Токму за овој случај е одредена мерка пртвор за бизнисменот Сеад Кочан, кој со денови не е доспатен на органите на прогонот.