Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО тргна по Груевски за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

СЈО тргна по Груевски за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Две од денешните истраги – „Траекторија“ и „Тревник“, кои ги отвори СЈО се финансиски истраги, од кои едната се однесува и на незаконитости во пропишана постапка за градење.

Истрагата „Талир“ е истрага против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за наводно нелегално финансирање на партијата, при што постои сомнеж дека биле злоупотребени 4,9 милиони евра. Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека парите биле злоупотребени во периодот од 2009 до 2015 година.

Од СЈО известија дека засега нема да бидат побарани мерки за обезбедување на осомничените односно притвор.

На почетокот на прес-конференцијата, Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, побара продолжување на периодот во кој Специјалното јавно обвинителство ќе може да отвара истраги и да покренува обвиненија. Воедно, таа побара да се усвојат и измени на Законот за заштитени сведоци, што, според неа, значително ќе влијае врз работата на СЈО во позитивна насока.