Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО со нова обука и нови простории ја започна работата

СЈО со нова обука и нови простории ја започна работата

Специјалното јавно обвинителство доби нови простории на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов Скопје од каде ќе може независно да функционира. Од оваа институција соопштија дека биле и на првиот семинар под покровителство на амбасадата на Соединетите Американски Држави на тема „Финансиски истраги и меѓународна соработка“ во Подгорица.

katica janeva tim1

Во изминатите два дена Специјалниот јавниот обвинител на Катица Јанева, заедно со јавните обвинители Љубомир Лапе, Марија Горгева и Бурим Рустеми и истражителот Атанас Гинев беа дел од семинарот.

katica janeva nova2

Од Специјалното јавно обвинителство се очекува да ги формира првите предмети по добивање на сите материјали од обвнителството и институциите и да започне со истрага поврзана со гонење на кривични дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.