Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО прво се фати за изборните нерегуларности

СЈО прво се фати за изборните нерегуларности

Специјалното обвинителство соопшти дека по направената анализа е надлежно за предметите кои опфаќаат изборни нерегуларности, а се поттикнати од содржините во телефонските разговори добиени од незаконското следење на комуникациите, по што се доставени барања до сите надлежни институции за добивање на доказен материјал и сите досегашни истражни активности.

lence_ristovska_0

„Ќе постапуваме по предмети каде што има изборни нерегуларности, а точно против кои лица за нас е ирелеватно. Она што е наше начело на постапување и она што е наша мисија е дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и без оглед кој и да е тангиран во тие постапки стоиме зад тоа дека никој не може да биде над законот и мора да одговара во рамките на своите дејствија“, изјави Ленче Ристовска од Специјалното јавно обвинителство на денешната прес конференција.

Од СЈО ги имаат побарано предмети од повеќе основни јавни обвинетелства и посочуваат дека ќе се ангажираат за сите предмети поврзани со телефонските разговори, како и за слични дела како на пример скандалот со фалсификувани лични карти бидејќи постои сомневање дека се користени при изборниот процес.