Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО поднесе жалба за судската одлука за Титаник

СЈО поднесе жалба за судската одлука за Титаник

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба за одлуката на кривичниот суд за случајот Титаник.

-Обжалени се одлуките на Кривичниот суд во Скопје. Истрагата продолжува, соопшти обвинителството на својата „Фејсбук“ страница.

Специјалната обвинителка Катица Јанева во петокот го најави првиот случај на специјалното обвинителство „Титаник“ во рамки на кој поднеле барање за притвор на осум лица, осомничени за изборни нерегуларности направени во 2013 година. Судот не го прифати барањето за притвор, по што од обвинителството најавија дека ќе ја обжалат одлуката.