Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО отвара предмети за можен криминал во „Скопје 2014“

СЈО отвара предмети за можен криминал во „Скопје 2014“

Градоначалникот Жерновски е повикан од СЈО да сведочи за можен криминал во проектот „Скопје 2014“, особено за носењето на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ кој го опфаќа централното градско подрачје и поставените споменици, скулптури и нови објекти.

„Веднаш по доаѓањето на градоначалничката функција, по налог на Жерновски, изработени се два ревизорски извештаи и констатирани се низа неправилности и кршење на закони, неколкукратно поскапо платени споменици, криминални тендерски постапки. Целиот материјал и извештаите беа доставени во Јавното обвинителство пред три години. Обвинителството побара дополнителни докази, што веднаш беше сторено од општина Центар. Оттогаш, Јавното обвинителство молчи за овој предмет и не го процесуира, со што се спречува започнувањето на правната разврска. Градоначалникот Жерновски се надева дека со формирањето и работата на СЈО, конечно ќе се расчисти со криминалниот проект Скопје 2014“, соопшти општина Центар.

Жерновски потенцира дека СЈО брзо ќе заврши со истрагата и дека наскоро ќе го расчисти целиот криминал кој го има во мега проектот.