Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСЈО го бара предметот поврзан со случајот „Шпион“

СЈО го бара предметот поврзан со случајот „Шпион“

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека побарало од Обвинителството за гонење на органзиран криминал и корупција да им се отстапи надлежноста над предметот против новинарот Зоран Божиновски, кој е дел од предметот „Шпион“.

„Ова Јавно обвинителство денеска достави барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З.Б., кој неодамна беше екстрадиран од Република Србија во Република Македонија. Имено, се работи за предмет против обвинетиот З.Б. кој е дел од случајот „Шпион“ за кој веќе имаме воспоставено надлежност“, стои во соопштението од СЈО.

Божиновски беше еден од осомничените во случајот „Шпион“ во 2013 година, но истрагата против него тогаш беше прекината бидејќи не беше достапен на органите на прогонот.

Тој се товари за злосторничко здружување, шпоинажа и уцена. Во моментов се наоѓа на издржување на мерка притвор, што му ја одреди судот на барање на Обвинителството.