Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО очекува брза екстрадиција на Грујевски и Бошковски

СЈО очекува брза екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Од СЈО, кое ги покрена обвиненијата против приведените Горан Грујевски и Никола Бошковски за предметот „Таргет“ и „Тврдина“, кои беа во бегство 84 дена, се надеваат дека екстрадицијата ќе се случи што поскоро.

– Информирани сме од МВР дека двете обвинети лица се приведени во Солун. Други информации немаме, а и во натамошниот дел од постапката ние немаме никаква надлежност. Се надеваме дека екстрадициската постапка ќе заврши што побрзо, дека од грчки притвор ќе бидат префрлени во Македонија и дека судењето ќе започне побрзо – вели специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева за Дојче веле.

Во просек екстрадициската постапка трае од 3 до 6 месеци и зависи со каква брзина Министерството за правда ќе го испрати преведен материјалот од обвинителните акти за кои двајцата се товарат пред Кривичниот суд. Врз основа на тие докази, грчките власти треба да одлучат дали ќе ги екстрадираат приведените.