Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО: „Неприфатливо е селективно повлекување на аболицијата“

СЈО: „Неприфатливо е селективно повлекување на аболицијата“

Спрецијалното Јавно Обвинителство (СЈО) денеска нема да излезе со коментар за одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за поништување на аболицијата за 22 политичари, бидејќи сè уште немаат информации за кои лица се однесува одлуката на претседателот, изјавила за „Мета“ портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска.

-„Наш став е дека не постои оправдување за селективен пристап кога станува збор за реализација на владеењето на правото и спроведувањето на правдата“ – изјавила Ристоска.

Од СЈО неофицијално велат дека одлуката за поништување на помилувањата треба да се спроведе за сите лица, а не едни да бидат опфатени, а други не.

Оттаму додаваат дека сè уште немаат добиено и чекаат одговор од кабинетот на Иванов на барањата на СЈО од каде Претседателот ги добил податоците лицата за кои се водат предистражни постапки.