Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ќе истражува за мистериозното „исчезнување“ на некои компании

СЈО ќе истражува за мистериозното „исчезнување“ на некои компании

Специјaлното Јавно Обвинителство се подготвува да го истражува мистериозното исчезнување на некои приватни фирми кои “исчезнале” откако натрупале големи долгови кон државните компании.

Истрагите ќе се вршат бидејки тие приватни компании ги користеле ресурсите на државните претрпијатија, но има сомневања дека наплатиле работи кои не ги реализирале, а потоа биле ликвидирани во сомнителни постапки.

-“За вакви приватни компании се зборува во неколку таканаречени бомби, каде што се зборува во врска со тоа како да се ликвидираат тие, без да ги подмират обврсикте кон јавните претпријатија. СЈО се обидува да ги најде досиејата за овие приватни фирми со цел тие да ги враќаат долговите, а одговорните за овие манипулации да добијат соодветни казни”, велат за “Лајм”, извори блиски со СЈО.

Извор: Лајм.мк