Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ќе се жали за отфрлањето на бомбите

СЈО ќе се жали за отфрлањето на бомбите

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе поднесе жалба на одлуките на Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 да се издвојат „бомбите“ од случите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“. Советот проценил дека телефонските разговори се доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Република Македонија.

– Одлуките стасаа вчера и секако ќе биде поднесена жалба во Апелациски суд Скопје – вели за „Мета“, Панта Џамбазовски, портпарол на СЈО.