Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ќе истражи дали Грујовски навистина е болен – докторот се крие

СЈО ќе истражи дали Грујовски навистина е болен – докторот се крие

Специјалното јавно обвинитилство и формално ќе ја побара медицинската документација поврзана со боледувањата на началникот од УБК Горан Грујовски и првоосомничен во случајот „Тврдина 2“ за уништување на доказаците врзани со масовното прислушување. Грујовски вчера не дојде на судење, а досега се нема појавено ниту еднаш – поради болест. Откако НОВАТВ вчера објави дека Грујовски бил да гледа ракометен натпревар за време на неговото боледување, а не доаѓа во Суд, докторот којшто го издал последното боледување се согласи да ни даде изјава.

НОВАТВ не комуницираше директно со Марјан Баловски, пулмолог од градската болница 8 септември, туку со неговиот директор. Така вчера попладнето Баловски требаше да не чека во болницата. Кога екипата на НОАТВ пристигна во болницата директорот ни се јави на телефон и рече дека „нема да дава изјава“. Претходно во телефоснки разговор изјави дека „не знаел дека бил на ракомет, кога дошол кај него навистина бил настинат“.

Последното боледување поради проблеми со дишењето е издадено на 24 април, а Грујовски на ракомет е виден и фотографиран три дена потоа.
Претходно неговите боледувања беа издавани од психолог, сопруга на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и еден од оние кои што им ги отвараа вратите на хулиганите во Собранието.

Обвинителот Трајче Пеливанов вчера по излегувањето од судница рече дека тие се сомневаат во болеста на Грујовски и ќе бараат проверка на документацијата. Тој спомена дека првообвинетиот бил забележан во МВР деновиве.