Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ќе го достави предметот за Звонко Костовски во Врховниот суд

СЈО ќе го достави предметот за Звонко Костовски во Врховниот суд

Специјалното јавно обвинителство денеска до Врховниот суд ќе го испрати предметот за Звонко Костовски, единствениот осуден за незаконското прислушување, со што барањето за Заштита на законитоста, кое СЈО го поднесе уште пред неколку месеци, сега ќе биде комплетно, пишува „Фокус“.

Костовски беше обвинет во случајот „Пуч“, но тој беше издвоен од предмето откако се спогоди со обвинителството и призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Спогодбата им брцна во очи на обвинителите од СЈО кои уште лани во септември поднесоа Барање за заштита на законитоста до Врховниот суд, во кое се бара да се укине спогодбата со што Костовски ќе се ослободи од вина, бидејќи тие го повлекоа обвинението за случајот „Пуч“. Сепак овој предмет со месеци се чуваше во Кривичниот суд, па наместо во рацето на обвинителите, заврши во Советот на јавни обвинители. оттаму, пак, пред неколку дена предметот конечно беше испратен во СЈО.

Неделникот неодамна повикувајќи се на неофицијални извори пишуваше дека Костовски, ја признал вината под притисок, за да се одржи обвинението за „Пуч“, во кое беше обвинет и премиерот Зоран Заев.

Сепак, оваа теза набргу падна во вода, бидејќи Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за случајот „Пуч“,повикувајќи се на доказите кои ги поседуваат а според кои масовното прислушување го вршеле функционери од тогашната власт и вработени во УБК. Но, удавен со тезата остана и Костовски, за кого и натаму остана на сила затворската казна иако на тие на кои наводно им помагал да прислушуваат, не прислушувале.