Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО го праша Иванов од каде ги знае тајните постапки, под истрага 60 лица

СЈО го праша Иванов од каде ги знае тајните постапки, под истрага 60 лица

На денешниот прес Специјалното јавно обвинителство не отвори нов предмет туку само ги посочи досегашните активности по изречената општа амнестија на Иванов. Обвинителката и портпаролка Ленче Ристовска го праша претседателот од каде ги добил имињата на вклучените лица во тајните предистражни постапки за што доставиле официјален допис но, се уште не добиле одговор.

Ристовска посочи дека се води истрага за 60 лица во 7 посебни постапки пред се за финансиски криминал и потребно повеќе време да се добијат потребните докази и тие освен кривично ќе одговараат и материјално. Пресот го водеше само Ристовска и овој пат не се појави главната обвинителка Катица Јанева, како и Фатиме Фетаи која вообичаено ги дополнуваше излагањата за новите истраги.