Thursday, Mar 23, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО го отвора случајот за нарачаните шамари за Жерновски

СЈО го отвора случајот за нарачаните шамари за Жерновски

andrej zernovski

Специјалното јавно обвинителство го повика градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски да се појави во институцијата во вторник на 16.08.2016, но овојпат за нов предмет поврзан со општина Центар, соопштуваат од општината.

„Се работи за нарачаните шамари врз Жерновски и за демолирањето на општинските бараки. Како што се слуша во една од „бомбите“ на опозицијата, тогашниот премиер Никола Груевски, во разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, нарачува и договара протест пред општина Центар во наводна одбрана за рушењето на новата црква, при што дел од донесените граѓани треба да влезат во салата на Советот и пред сите советници и медиуми, да му “врзат три-четири јаки шамари” на тукушто избраниот градоначалник на општина Центар.

За вандализмот и демолирањето на општината, градоначалникот Жерновски во неколку дописи до екс министерката за внатрешни Гордана Јануловска, бараше одговорност за нарачателите и сторителите. Сепак, иако дел од нив беа фотографирани со неа и со Груевски, односно беа и делегати на Конвенцијата за избор на Ѓорге Иванов за претседателски кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, до денес истите не се идентификувани и санкционирани“, пишува во соопштението.