Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО ги обжали одбиените притвори за Груевски, Протогер, Јанкуловска, Јанакиески и Божиновски

СЈО ги обжали одбиените притвори за Груевски, Протогер, Јанкуловска, Јанакиески и Божиновски

Специјалното јавно обвинителство денеска до Апелацискиот суд Скопје доставило уште пет жалби на одлуките на Кривичниот суд со кои беа одбиени барањата да им биде одреден притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, обвинети во случајот „Титаник“, потврдија за „Мета“ од СЈО.

Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1 наместо притвори, на петтемина обвинети им ги одзеде личните и дипломатските пасоши и ги задолжи еднаш неделно да се јавуваат во суд.

Инаку, жалбите се поднесуваат преку Основниот суд Скопје 1, кој потоа ги препраќа до Апелацискиот суд.

Од Апелацискиот суд денеска ни изјавија дека досега не добиле ниту една од жалбите што оваа недела ги поднесе СЈО, а кои, со денешните, се триесетина на број.