Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО е клучен фактор, тој што нарача шамари за Жерновски да одговара

СЈО е клучен фактор, тој што нарача шамари за Жерновски да одговара

Градоначалникот на општина Центар во најновото интервју за Радио Слободна Европа посочи дека на претстојните избори мора да се променат работите и да се одвои партијата од државата за да има напредок, а клучен фактор ќе биде СЈО кое поведе повеќе предмети, но за нив мора да има судски разрешници.

„Од дејствијата на СЈО се гледа, еве и со последниот договор, кои се стратегиите од одлуките на политичките партии во Македонија. Длабоко сум уверен дека без разрешница, без завршување на процесите коишто СЈО го почнува, ние не може да имаме надминување на кризата во која се најде Република Македонија. Не може Македонија утре да има одговорни политичари, доколку овие што го направија криминалот не одговараат за тој сторен криминал. Мора докрај СЈО да ја истера работата и се разбира сето тоа да помине низ судските институции, вели градоначалникот за Радио Слободна Европа.

Жерновски смета дека токму ревизорскиот извештај на општина Центар ќе послужи како важен извор на докази за криминали кои се сторени при изградбата на проектот Скопје 2014.

„Мене ми е многу драго што се отворени предмети за Центар, многу ми е драго што за првиот предмет, ако зборуваме за Скопје 2014, во голема мера со нашите ревизорски извештаи, коишто ги ветивме на изборите, придонесовме тој предмет во старт да оди многу брзо, затоа што таму ги напоменавме сите криминални дејствија, неправилности и груби повреди на законите, наместени тендери за тоа како, слободно може да кажам, се переа буџетските пари коишто се трошеа за Скопје 2014“.

Уште еднаш посочи дека кривична одговорност кај политичарите мора да има, тоа се слушаше и во „бомбите“, а особена ниска беше нарачката за негово шамарање во општината.

„Се разбира, ништо помалку интересен и за нас многу битен предмет е оној каде што вандализираше општината, каде што беа нарачани шамари за мене како градоначалник. Се знае тука кон кого оди обвинувањето, затоа што се знае кој го нарача овој вандализам и овие физички пресметки. За двата предмети ние реагиравме веднаш. За Скопје 2014 веднаш по извештаите го дадов предметот во Основното јавно обвинителство, а тие што молчат, тие се индиректни соучесници во прикривање на тој криминал. Драго ми е што конечно материјалите се во вистински раце и очекувам разрешница, односно тие што ги сторија овие криминали, не само во Центар, туку и генерално, да одговараат, вклучувајќи го и самиот Груевски, изјави Андреј Жерновски во интервјуто за РСЕ.