Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО бара продолжување на куќниот притвор на Талески

СЈО бара продолжување на куќниот притвор на Талески

Специјалното јавно обвинителство денека од Кривичниот суд во Скопје побарало продолжување на куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за нови 30 дена, потврдија за „Мета“ од СЈО.

Ова е второ барање на СЈО за продолжување на притворот на Талески, кој му истекува утре. Мерката куќен притвор на битолскиот градоначалник, кој е првоосомничен во случајот „Транспортер“, му беше одредена од судот на 16 јуни, а му беше продолжен на 21 јули, по предлог на СЈО.