Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО бара притвор за Груевски, а тој се подготвува да се врати на власт

СЈО бара притвор за Груевски, а тој се подготвува да се врати на власт

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, денеска побара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи, како што рече, само така може да се обезбеди негово присуство.

Бубевски рече дека не може да му се достави покана на Груевски и дека лидерот на опозициската партија примил само една покана, на 6 април 2017 година.

– Не успеавме да најдеме доставувач кој ќе му достави покана, ниту пошта, ниту ДХЛ. Сите други покани ги добило неговото обезбедување. Му испративме 10 покани на Груевски и поради неодговарањето на повиците, тој е обвинет за попречување на правдата – рече Бубевски.

Одбраната пак на Груевски, адвокатот Боро Тасевски рече предлогот за притвор не бил доставен до одбраната, ниту пак добиле образложение за основаното сомнение за стореното кривично дело.

Адвокатката Сања Алексиќ соопшти дека добиле повеќе од пет илјади документи и дека речиси една година не можеле да направат увид во доказите. Таа истакна дека редовно го известуваат СЈО кога Груевски нема да биде присутен во земјава.

Обвинетиот Груевски во судот изјави дека СЈО врши политички прогон против него се со цел да ја ослабат ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори. Тој истакна дека не планирал да бега од земјата , затоа што сака да ја докаже невиноста и затоа што се подготвувал да се врати на власт власт.