Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСЈО бара да им се конфискува имот на Груевски, Протоѓер и на Димовски во вредност од 2,2 милиони евра

СЈО бара да им се конфискува имот на Груевски, Протоѓер и на Димовски во вредност од 2,2 милиони евра

Специјалното јавно обвинителство во обвинението за случајот „Титаник“ бара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, на поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протоѓер, на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Илија Димовски и на обвинетиот Леко Ристовски солидарно да им се конфискува имот во вредност од 2,2 милиони евра.

Оваа сума, според СЈО, одговара на незаконски обезбедените средства за финансирање на изборните кампањи на партијата во 2011, 2013 и во 2014 година.

Специјалното јавно обвинителство на својата нова интернет-страница ги објави обвинителните акти за сите 20 случаи што ги отвори, а кои се поврзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

Единствено, како што може да се види, не е објавена содржината на обвинението за случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

Во објавените обвиненија може се видат интересни моменти и куриозитети за обвинетите во случаите и за начините на кои се вршени кривичните дела за кои се товарат.