HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСити без двајца фудбалери на гостувањето на кај Барселона

Сити без двајца фудбалери на гостувањето на кај Барселона

Пеп Гвардиола нема да може да смета на само двајца свои фудбалери. Фудбалерите на Барселона и Манчестер Сити во среда со почеток од 20:45 часот го играат дербито од третото коло во Лигата на шампионите. Барселона е лидер на табелата со шест поени, додека Манчестер Сити има четири, па јасно е дека Каталонците со евентуална победа во оваа средба практично ќе си ја обезбедат првата позиција во групата.

Пеп Гвардиола поведе 19 фудбалери со себе во Барселона, но на списокот ги нема Бакари Сања и Фабијан Делф, но тука е повторно капитенот Венсан Компани. Па според тоа стартниот тим на Гвардиола утре би можел да изгледа вака: Браво, Забалета, Стоунс, Отаменди, Коларов, Фернандињо, Гундоган, Силва, Де Брујн, Нолито, Агуеро.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com