Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСитен улов за Албанската полиција

Ситен улов за Албанската полиција

Скадар, Албанија, полицијата открила 46 парцели со околу четири илјади стебла марихуана, јави дописникот на МИА.

Полицијата соопшти дека во рамките на интензивните контроли на повеќе делови од околијата Скадар откриените парцели биле во селата Бен и Дришт. Поголемиот број од парцелите или 41 се откриени во селото Бен додека останатите пет парцели со над 520 стебла во селото Дришт. Стеблата марихуана, кои биле во различна висина се уништени а полицијата трага по лицата кои ги засадиле.

Во изминатите два месеца откако полицијата ја почна широката операција уништени се над 40 илјади стебла марихуана, во речиси сите делови на земјата.