Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСите земјоделци ќе бидат обештетени, вети министерот Цветков

Сите земјоделци ќе бидат обештетени, вети министерот Цветков

Министерто за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, вети дека сите земјоделци кои претрпеа штети од големото невреме на 6 август ќе добијат обештетување исто како што било сторено и за претходните поплави.

– Сите земјоделски површини без разлика дали се евидентирани во нашиот регистар или не ќе бидат обештени. Ние како Влада и Министерство за земјоделие за се она што им е направено како штета со оваа катастрофа ќе бидат обештени, изјави министерот Цветков.

– Имајќи го искуството со поплавите кои беа во 2015 година во битолскиот регион ние направивме измени на Законот со кој се овозможува да бидат обесштетени сите земјоделски површини. Комисиите за проценка се на терен и работат со полн капацитет. Некаде за дваесет дена оваа работа треба да биде завршена, изјави Цветков при надгледувањето на активностите во Стајковци.

Потсети дека луѓето сега во првата фаза се зафатени со расчистување на домовите и да има повеќе комисии нема да може постапката да оди побрзо бидејќи записникот се прави на самото место во присуство на сопственикот на стопанството.

Тој истакна дека како комисиите ќе ги обработуваат податоците тие ќе бидат доставени до Бирото за судски вештачења, а како тие ќе бидат завршени ќе бидат дадени на Влада и ќе бидат исплатени од платежна агенција.