Tuesday, May 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСите спортисти и рекреативци бесплатно да се прегледаат

Сите спортисти и рекреативци бесплатно да се прегледаат

Министерството за здравство најави дека ќе им овозможи на огромен број на спортисти аматери и рекреативци од 1 август да извршат бесплатни медицински прегледи од превентивата за да продолжат со своите физички активности без страв од можни последици.

Во медицинските прегледи ќе бидат опфатени ЕКГ за работата на срцето, хематолошки и уринарен тест, крвна слика, мерења на мускулната и коскената маса. Министерот Тодоров информираше дека на овој начин ќе се подржат сите физички активни лица, ќе им се обезбеди можност да продолжат со рекреативниот спорт, а тоа е важно за здравјето на населението.