Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарСите сплотени во проектот „МКЦ за Скопје“

Сите сплотени во проектот „МКЦ за Скопје“

По повод 52-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје кој се случи 1963 година, МКЦ организира неколкучасовна програма во која ќе бидат опфатени краткометражни филмови, изложби и музичко-сценски настапи преку кои скопјани ќе имаат можност да се сплотат и да ја покажат својата солидарност, сила и љубов кон главниот град.

На 26 јули, недела, во МКЦ со почеток од 20 часот, ќе се одржи изложба на младиот македонски уметник Иван Петрушевски – Флим,со наслов „Херои и нули“, потоа следува проекција на документарниот филм за култните Леб и сол, „Каша“, во режија на Дарко Марковиќ, па концертен настап на групите Sethstat & Мирко Попов, Khara и Сусијат.

Присуството е задолжително. Со срце за Скопје.