Wednesday, Dec 13, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниСите сакаат да видат фајт меѓу Ронда и Мејведер

Сите сакаат да видат фајт меѓу Ронда и Мејведер

Боксерот Флојд Мејдведер можеби сега знае која е Ронда Рози, но според неговото најново интервју таа сеуште не е заслужна за да се мери со неговите достигнувања. Во интервјуто за ESPN, на поставеното прашање како се чувствува поради фактот дека ја изгуби престижната награда за категоријата ултимејт борби (UFC) од девојка која до неодамна не ја ни познаваше (или се преправаше) тој одговори:

„Знам дека до неодамна не ја познавав, и честитам на наградата, јас веќе имам освоено 6 или 7 такви награди и верувам дека ја заслужи.“

Момент подоцна новинарот на ESPN препрочита прашање поставено директно од Ронда набрзо по освојување на наградата:

„Не можам а да не се запрашам како се чувствува Флојд победен од жена, дали сеуште ќе се преправа дека не ме познава? “

Мејдведер, кој е познат по краткиот темперамент одговори во свој стил:

„Сеуште чекам да видам ММА борец или боксер воопшто да заработи над 300 милиони долари за период од 36 минути. Кога таа ќе успее да го направи тоа нека ми се јави.“

Веројатноста дека тие двајца ќе се сретнат во рингот е мала, но многумина би сакале да ја видат Ронда како го прегазува Мејведер.