Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСите медиуми во Македонија ќе можат да аплицираат за финансиските средства на ЕУ

Сите медиуми во Македонија ќе можат да аплицираат за финансиските средства на ЕУ

Република Македонија и македонскиот аудиовизуелен сектор официјално станаа полноправни учесници на потпрограмата „Медиа„ која е интегрален дел од програмата „Креативна Европа за периодот 2014-2020 година.„ Ова на прес-конференција денес го соопштија министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска.

Поради неусогласеноста на домашното со европското законодавство, односно со Директивата на ЕУ, досега потпрограмата „Медиа„ беше недостапна за македонскиот медиумски простор, а пречка за тоа беше членот за саморегулација на медиумите кој првично постоеше во медиумските закони, а подоцна беше повлечен.

– Отсега, сите медиуми ќе можат да аплицираат за финансиски средства на ЕУ и со тоа да креираат аудиовизуелни дела кои ќе бидат поквалитетни и во содржината во начинот на обработката. Со тоа ќе можат да се освојуваат други пазари, односно ќе се креираат содржини кои ќе можат да се продаваат надвор од територијата на Република Македонија.„ – рече министерот Ивановски.