Thursday, Apr 25, 2024
HomeUncategorizedСите ја оспоруваат смртната казна за синот на Гадафи

Сите ја оспоруваат смртната казна за синот на Гадафи

Судот во Либија му изрече смртна казна за сторени воени злосторства на Сеиф ал Ислам Гадафи, синот на егзекутираниот лидер на земјата, а иста мерка предвиде и за уште осум негови најблиски соработници во врвот на полицијата, министерството за внатрешни работи и тајните служби. И покрај крвавата граѓанска војна и бројните злодела меѓународните организации за човекови права ја оспоруваат изречената казна против Сеиф Гадафи поради бројни пропусти во процесурите и нефер судење и бараат Врховниот суд на Либија да ја ревидира оваа пресуда.

Сеиф Гадафи и покрај изречената пресуда нема бргу да оди на стрелање бидејќи милитантните групи кои го држат не сакаат да го предадат на властите во Триполи. Либија се уште е во тешка состојба бидејќи по падот на Моамер Гадафи продолжи судирот меѓу различни паравоени структури кои се борат меѓусебе за превласт, а се вмеша и единица на Исламската држава со свои амбиции.

Сеиф Гадафи се сметаше за еден од можните нови лидери кој треба да ги исправи грешките на неговиот татко и да ја врати земјата во нормала, но набргу беше заробен.