HomeДЕНЕШНАЕкономијаСистемски недостатоци на фискалната транспарентност констатираше Центарот за економски анализи

Системски недостатоци на фискалната транспарентност констатираше Центарот за економски анализи

Центарот за економски анализи – ЦЕА подолго време ја следи теоријата, практиката и имплементацијата на фискалната транспарентност во Република Македонија, пошироко во регионот и глобално. Центарот за економски анализи укажува на системски недостатоци во делот на јавниот финансиски менаџмент во Република Македонија. Ви го пренесуваме нивното соопштение.

Во Република Македонија подолго време има тенденција важни стратешки документи, планови и други соодветни документи да бидат произведени од извршната власт и тие документи да не бидат дел од проектниот циклус на донесување на одлуки и имплементација кон остварување на стратешките цели и оперативните приоритети, а недостасува и соодветен мониторинг и евалуација за оценување на постигнатата економичност, ефикасност и ефективност од користењето на јавните средства и ресурси. Се добива впечаток дека многу од документите не се донесуваат заради нивната основна цел, а некои од нив и не се носат воопшто или пак се носат но не соодветствуваат на потребите за транспарентен и отчетен јавен финансиски менаџмент.

На пример, според мерењето на Партнерството за отворени буџети, Република Македонија не произведува и не ги дава на увид на јавноста клучни документи од кои и Полугодишниот извештај, иако е тој законска обврска.

– Владата на Република Македонија и Министерството за финансии не ја ажурира секоја година Фискалната стратегија на Република Македонија. Имено, последната верзија на стратегијата беше претставена од Октомври 2015 година па се поставува прашањето како Владата на Република Македонија го поднела до Собранието на Република Македонија предлог буџетот за 2017 година без соодветно прилагодени претпоставки и приоритети од каде би се претпоставувало кои цели сака Владата да постигне со предлог буџетот за 2017 година.

– На ден 14-ти октомври 2016 година Владата ја објави на веб страницата на Министерство за финансии новата Фискална стратегија 2017-2019 година, а предлог Буџет за 2017 година Владата веќе го доставила до Собрание на Република Македонија. Се поставуваат неколку прашања. Прво како е направен предлог Буџет за 2017 година ако немало Фискална
стратегија? Значи, Владата едноставно следела историски трендови, ад хок предизборни решенија и интуиција без соодветна фискална стратегија. Второ, се поставува прашањето за кои цели сега служи Фискалната стратегија 2017-2019 бидејќи ако таа не се ажурира соодветно во 2017 година таа е практично неупотреблива како пред буџетска изјава на
предлог за Буџет за 2018 година.

– Владата на Република Македонија и Министерството за финансии не го подготвуваат повеќе години по ред Полугодишниот извештај за извршување на Буџетот, кој е законска обврска од законот за буџети. Значи, Министерството за финансии директно, а Владата на Република Македонија индиректно, не го почитуваат Законот за буџети на Република
Македонија. Извештајот кој Министарството за финансии го нарекува Полугодишен извештај за извршувањето за првите шест месеци во 2016 година, а неодамна е објавен и е достапен на овој линк, не е таков извештај. Тоа не може да се нарекува Полугодишен извештај бидејќи недостасува покрај соодветна анализа на финансиското извршување и ажурирање
на претпоставките од усвоениот Буџет за 2016 година. Впрочем, Полугодишен извештај служи и како претпоставка и е клучен документ по кој Владата треба да донесе одлука дали ќе оди со ребаланс или не. Функцијата на Полугодишниот извештај е да даде насоки за економските субјекти во земјата за тоа кои претпоставки се промениле во првите 6
месеци и што Владата ќе превземе преку јавните ресурси за да се надминат соодветните предизвици и ризици од променетите претпоставки кога се донесувал Буџетот за 2016 година. Тоа е важен документ според кој сите економски субјекти и оператори во државата ќе може да се прилагодат на новите ризици и на начинот на кој Владата јавно ќе
обзнани преку тој Полугодишен извештај како ќе ги ублажува ефектите, фреквенцијата на настанување и веројатноста на настанување на тие ризици. Полугодишен извештај не може да биде само објаснување за финансиското извршување од буџетот во претходните шест месеци. Тој извештај не е само механички збир на месечните извештаи од извршувањето.

– Владата на Република Македонија не произведува Граѓански буџет каде на едноставен начин ќе се информираат граѓаните на Република Македонија за тоа кои приоритети Владата ќе ги адресира со буџетите кои ги предлага на Собранието, со кои ресурси и на кој начин. Граѓаните мора да знаат како и за што се користат нивните јавни ресурси. На тој начин тие ќе бидат повикани да партиципираат во сите фази на буџетскиот процес и на буџетскиот циклус. На тој начин се гради и консензус за политиките на Владата. Би сакале да укажеме дека Владата треба да излезе и со Предизборниот извештај кој ќе служи за транспарентност на општата состојба на финансиите на Владата непосредно пред избори согласно препораките на Извештајот на Комисијата за испитување на настаните во Собранието на РМ од 24.12.2012 година. На тој начин, покрај тоа што Владата ќе покаже дека ги почитува документите кои се донесени таа ќе покаже и дека е отчетна бидејќи предизборниот Извештај служи за транспарентност на општата состојба на финансиите на Владата непосредно пред избори. Истиот служи за информирање на гласачите и за поттикнување на јавна дебата. Овој извештај треба да биде објавен најдоцна две недели пред почетокот на изборите. Истиот ги содржи информациите содржани во полугодишниот финансиски извештај. Посебно внимание треба да се посвети на обезбедување на целосност на таквиот извештај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com