Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБанди ширум Европа принудуваат стотици деца на кражба

Банди ширум Европа принудуваат стотици деца на кражба

Холандската полиција објави дека организирани банди експлоатираат околу 300 деца ширум Европа приморувајќи ги да крадат најмалку 1.000 евра дневно.

Во полициска операција разоткриени се четири мрежи на банди во Холандија, Австрија, Хрватска и Босна, соопштија полициски извори во Холандија.

Истрагата почнала пред една година кога полицијата на железничка станица во Амстердам дознала дека малолетниците крадат под контрола на возрасни.

Според Би-Би-Си, децата се одведени од школо со задача да крадат по продавници и да џепарошат, а за малолетни девојчиња се сомневаат дека се сексуално злоставувани.

Извор: МИА