Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСириза остана без 53 членови – „одметниците“ на избори со свои партии

Сириза остана без 53 членови – „одметниците“ на избори со свои партии

Педесет и тројца членови на Централниот комитет на СИРИЗА вчера ја напуштија партијата, јави ТАСС.

– Како членови на Централниот комитет ние не можеме да го прифатиме новиот меморандум (спогодбата со кредиторите), како што не ги прифативме и претходните, се вели во заедничката декларација на лицата, кои ја напуштија партијата. Тие нагласија дека тој меморандум ќе биде конечен удар за економското слабеење на грчкото општество.

Поголемиот дел од нив планираат да се приклучат кон партијата „Народно единство“. На 21 август 25 пратеници од СИРИЗА ја формираа независната парламентарна група „Народно единство“, предводена од Панајотис Лафазанис, поранешен министер за енергетика.

И претседателката на грчкиот Парламент и член на Сириза, Зои Константопулу, планира да формира своја партија пред предвремените избори кои треба да се одржат следниот месец.