Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСириски бутновници за телата на убиените Руси бараат ослободување на затвореници

Сириски бутновници за телата на убиените Руси бараат ослободување на затвореници

Засега непозната сириска бунтовничка група тврди дека ги има телата на петмината Руси, кои беа убиени при соборувањето на нивниот хеликоптер и побара нивна размена за заробеници. Бунтовниците во понеделникот соборија руски воен хеликоптер во провинцијата Идлиб, при што сите пет лица во него загинаа при падот.

Барањето е упатено од група која се претставува како „Заедничка фондација за прашањата на затворениците“. Групата бара ослободување на затвореници, кои се држат во затворите на сириската Влада и од нивниот либански шиитски сојузник, движењето Хезболах од Либан. Не се наведува за колку затвореници станува збор или за колку од нив ќе се разменат телата на петмината убиени Руси. Групата, исто така, бара прекин на блокадите на реоните, опколени од сириската армија и нејзините сојузници, како и испорака на хуманитарна помош за луѓето во опколените региони.

helikopter ruski sirija

Руското Министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека военотранспортен хеликоптер „Ми-8“ бил соборен по испораката на хуманитарна помош во Алепо на враќање кон руската база во провинцијата Латакија.

Русија и Сирија засега не го коментираат барањето за размена на затвореници. Ова е најголемата официјално призната загуба на руските воени сили од почетокот на нивните операции во Сирија.