Thursday, Mar 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСиријка роди женско бебе во кумановската болница

Сиријка роди женско бебе во кумановската болница

kumanovo bolnica

Денеска во Кумановската болница се породила 30-годишна Сиријка, информираа од Одделението за гинекологија и акушерство.

– Пациентката родила здраво женско бебе. И родилката и новороденчето се во добра здравствена состојба изјави, доктор Наиле Османи, гинеколог од општа болница Куманово.

Ова е шесто дете на сиријката од градот Алепо, која транзитирала низ Македонија со сопругот и петте деца. Докторката Османи, изјави дека во кумановската болница пациентката ја донела екипа на Итна помош од Прифатниот пункт од Табановце.
– Ова е прв случај на породување на сиријка во нашата болница.Обично оние случаи кои не се итни ги праќаме на клиника. Ова беше итно породување, пациентката се породи половина час по приемот во 8:45 часот, изјави Османи.

Од болницата побарале од Црвен Крст податоци за родилката, бидејќи немала документ за идентификација. Црвениот крст донирал помош за новороденчето и за мајката. Од болницата посочија дека родилката и новороденчето ќе останат еден ден за понатамошно следење, иако таа изразила желба веднаш да си замине.