Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСириец преку Македонија стигнал до Србија со пропусница на ИС

Сириец преку Македонија стигнал до Србија со пропусница на ИС

Државјанин на Сирија, мигрант за кого постоел сомнеж дека е терорист, успеал пред две недели да стигне во Србија преку Македонија со патна исправа со која можел слободно да се движи на територијата на Исламска држава, пренесува српски „Блиц“.

Сомнежот настанал на Прешево кога припадник на БИА го забележал спорниот документ и го одзел, со што подоцна документот се покажал како еден вид пропусница за движење по области под контрола на ИС. Во документот имало многу печати, но ниту една ознака за ИС.


„Сириецот бил детално претресен и откриено е дека на телото има лузни. Поради сомнежот дека се работи за терорист, веднаш е префрлен во притвор во Падинска Скела, во кој остал додека траеле проверките. Сириецот е пуштен откако е утврдено дека нема врска со терористички организации. Информацијата за неговото влегување е проследена до останатите европски полиции“, вели изворот.