HomeДЕНЕШНАСветСирија одби автономна област во Алепо: бунтовниците мора да бидат протерани

Сирија одби автономна област во Алепо: бунтовниците мора да бидат протерани

sirija

Сириската влада го одби предлогот на Обединетите нации да им се гарантира автономија на областите под контрола на бунтовниците во Алепо за да се помогне во враќањето на мирот во западниот град. Државните институции мора да се вратат во Алепо откако бунтовниците ќе бидат протерани рече министерот за надворешни работи на Сирија Валид ал-Муалем по разговорот со специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура денеска во Дамаск.

Претходно, претставникот на Светската здравствена организација Елизабет Хоф рече дека во петдневните воздушни и артилериски напади на владините сили биле нападнати сите медицински објекти во областите што се под контрола на бунтовниците во Алепо и сега тие не работат. Сириските активисти соопштија дека повеќе од сто цивили биле убиени во овие области во последната владина акција која почна на 15 ноември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com