HomeДЕНЕШНАСветСиновите на Ел Чапо нападнале воен конвој, пет жртви (ФОТО)

Синовите на Ел Чапо нападнале воен конвој, пет жртви (ФОТО)

Пет мексикански војници починале во напад на воен конвој, а се верува дека зад нападот стоат синовите на големиот нарко дилер Хоакин Гузман попознат како Ел Чапо. Покрај тоа, околу 10 војници биле повредени при овој напад. Нападот бил изведен во мексиканската северна држава Синалоа, а неговата цел како што стојат работите била ослободување на еден повреден нарко дилер кој бил возен во амбулантна кола заедно со војската.

Локалниот воен кандидат изјавил дека е многу веројатно зад овој напад да стојат синовите на Ел Чапо. За потсетување, Ел Чапо на почетокот на јануари беше уапсен во државата Синалоа после бегство од затворот. Тој беше уапсен во неговата куќа после дојава, а за време на акцијата биле убиени пет лица.

1

2

3

5

6

7

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com