Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСинот на Мијалков не се појави на распит за „крвавиот четврток“

Синот на Мијалков не се појави на распит за „крвавиот четврток“

Синот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, Јордан, не одговори на повикот на Јавното обвинителство и не се појави на распит во полициската станица во Кисела Вода.

Неофицијално, Јордан Мијалков не дошол на распит бидејќи бил на патување и тврдел дека поканата не му била уредно доставена.

Заедно со него на распит се повикани Ален Зекиров и Блаже Петрески, телохранители на поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Блаже Петрески веќе дел исказ, додека Зекиров се уште е на распит во полициската станица во Кисела Вода.