Thursday, Jul 20, 2017
HomeДЕНЕШНАСветСинот на Гадафи осуден на смрт со стрелање

Синот на Гадафи осуден на смрт со стрелање

Либиски суд го осуди на смрт со стрелање, Сеиф ал Ислам Гадафи, како и осуммина блиски соработници на поранешниот либиски претседател Моамер Гадафи. Судот заседаваше во Триполи каде на власт се коалиција од милиции, од кои дел се исламистички.

Меѓу осудените на смрт се последниот премиер од времето на Гадафи, Багдади ал Махмуди и поранешниот шеф на разузнавањето Абдула ал Сенсуи. Тие се осудени за улогата во крвавите репресии при бунтот, со кој беше симнат од власт Гадафи во 2011 година.

Саиф е вториот син на полковникот Муамер Ел Гадафи. Тој беше добро познат како најпрозападен член на семејството Гадафи, кој уживал во животот и во екстраваганција. Додека живеел во неговата палата во северниот дел на Лондон вредна 11 милиони фунти, Саиф студирал на Лондонската школа за економија (ЛСЕ), каде што и докторирал. Лондонската школа се најде под оган откако се дозна дека училиштето доби донација од 300.000 фунти од Меѓународната фондација за развој на Гадафи само шест недели по откако Саиф го поднесе својот докторат, пишува „Дејли мејл“.

Либија навлезе во хаос по уривањето и убиството на Моамер Гадафи во 2011 година. Земјата е жестоко поделена помеѓу избрниот парламент и влада која контролира мал дел од земјата на исток, со мала моќ на теренот и исламистичките милиции кој ја поддржуваат конкурентската влада во Триполи. Саиф Гадафи, исто така, се бара од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг по обвиненијата за злосторства против човештвото, пишува „Гардијан“.