Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСинот на Бин Ладен се заканува со одмазда за татко му

Синот на Бин Ладен се заканува со одмазда за татко му

Синот на поранешниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, Хамза се закани дека ќе им се одмазди на САД поради убиството на неговиот татко, објавија американските медиуми.

Во видео запис под наслов „Сите сме Осама“, објавен на една исламистичка интернет страница, Хамза бин Ладен наведува дека Ал Каеда ќе ја продолжи својата глобална војна против САД и нивните сојузници.

Како што соопшти организацијата „Интелеџенс Груп“, која ги следи објавите на исламистичките сајтови, во 21-минутно видео, Хамза најавува дека смртта на неговиот татко ќе биде одмаздена.

Осама бин Ладен беше убиен во Пакистан од страна на американски командоси во 2011 година.

Неговата смрт претставуваше тежок удар за Ал Каеда, која е обвинета дека стои зад нападите во Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година.

Дополнителен удар на Ал Каеда претставуваше и појавата на џихадистичката група Исламска држава, која се наметна како водечка исламистичка сила во „светата војна“ против Западот.