Saturday, Oct 24, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаСиноличка Трпкова: Приватизација на УКИМ ќе биде дури и олеснување

Синоличка Трпкова: Приватизација на УКИМ ќе биде дури и олеснување

tocka-220600

Синоличка Трпкова, македонската актерка и универзитетски професор, по најавите за приватизација на Македонска пошта, иронично вели дека треба да се размислува и за приватизација на Државниот универзитет УКИМ.

“Приватизација на Уким звучи дури и олеснително во контекст на состојбите во кои живееме. Бесплатното образование го има со години на интернет, се’ е достапно за човек што сака да учи, а студентите и онака плаќаат партиципации за ништо. Младите луѓе кога ќе заминат, учат се’ одново во новите “татковини”. Освен од некои исклучоци на факултетски единици и поединци професори, нема што да се научи. Дипломите станаа само влезница за веќе таксани работни места за синовите и ќерките. Формалното образование се’ повеќе се заменува со неформално…Просто човек да се праша – до кога можеме да (се) лажеме!?” пишува Трпкова на социјалните мрежи.