Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРСиноќа заврши осмото издание на ,,Македонско културно лето" во Албанија

Синоќа заврши осмото издание на ,,Македонско културно лето" во Албанија

Со настапот на актерот Никола Тодороски од Охридскиот театар синоќа во општина Пустец заврши осмото издание на фестивалот „Македонско културно лето во Албанија“, пренесе МИА.

Организаторите на фестивалот соопштија дека беа доделени и две награди, за најдобар актер и актерка. Жирито, во состав Зоран Љутков – претседател и членовите Андреј Цветановски и Жарко Димоски, одлучија наградите да им ги доделат на Билјана Драгичевиќ Пројковска и на Владимир Тулиев.

По врачувањето на наградите, концерт одржа пејачот Димитар Андоновски во придружба на Сергеј Светозарев.

Фестивалот беше отворен на 29. јули со претставата на Драмски театар – Скопје „Последните Македонци# во режија и авторство на Сашо Миленковски. Посетителите ги погледнаа и претставите „Македонска приказна“, во режија на Боњо Лунгов на Театар за деца и младинци – Скопје, „Парче душа“ во режија и авторство на Љупчо Тодоровски Упа, и „Спанаќ со пржени компири“ на авторот Золтан Егреши, а во режија на Ненад Витанов на Велешкиот театар.

Оваа година фестивалот се прошири и се одржуваше на три локации, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, плоштадот „Европа“ во Леска и плоштадот „Јане Сандански“ во Зрноско.

Покрај домашната публика, фестивалот го посети и публика од Република Македонија. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Мекдонија, Град Скопје и општина Велес.