HomeДЕНЕШНАПолитикаСиниша Спасов по оставката во МЕПСО се враќа во ЕЛЕМ

Синиша Спасов по оставката во МЕПСО се враќа во ЕЛЕМ

Смените на директориските позиции во клучните енергетски државни компании ЕЛЕМ и МЕПСО ги отворија дилемите зошто рокадите се случуваат во ваков сензитивен период во кој и Специјалното јавно обвинителство влезе во една од компаниите да ги чешла тендерските документациии. За само десетина дена директорските фотелји ги напуштија Дејан Бошковски од ЕЛЕМ и Синиша Спасов од МЕПСО. Од ЕЛЕМ велат дека смената доаѓа поради истек на мандатот на Бошковски, но не кажуваат зошто не се кандидира за втор мандат, ниту каде ќе ја продолжи својата кариера. Додека неговиот колега Синиша Спасов синоќа се огласи со писмена изјава за 24 Вести.

Писмената изјава ја пренесуваме интегрално:
„Со оглед дека досега не сум се сокрил од новинарско прашање нема ни овој пат. Одговорот на трите ваши прашања не е нималку едноставен, а е комплексен и освен што задира во мојот професионален живот, задира и во мојот личен и семеен живот.

Секоја одлука, а особено одлука која го става човек на вистинскиот правец и насока наоѓајќи се на крстопат е тешка. Такви значајни одлуки во животот може да кажам сум имал неколку. Првата е на кој факултет да се запишам, втората дали е вистинскиот момент за формирање семејство, а третиот момент беше поврзан токму со прифаќањето на функцијата на која се нафатив пред четири години, генерален директор на АД МЕПСО. Се сметам за успешен човек на личен и професионален план, и особено проектите кои беа реализирани во четиригодишниот мандат ќе зборуваат за мојот професионален ангажман, за нивото на кое сум работел. Ќе набројам некои од проектите:

– Завршувањето на започнатиот проект како што е рехабилитацијата на далекуводот Скопје – Куманово,

– Започнување и завршување на три нови далекуводи од кои два на 110 киловати ниво: Битола 3 – Битола 4 и Скопје – Југохром – Тетово и третиот, делот на интерконективниот 400 киловолтен далекувод Штип – Ниш на македонска страна,

– Инсталирање на нов систем за управување со електроенергетскиот систем на Македонија, како и систем за раководење на пазарот на електрична енергија, -проекти кои се однесуваат на техничко подобрување на работата во трафостаниците како и на раздвојувањето на преносот од дистрибуцијата и други проекти, сите вредни преку 30 милиони евра.

Дополнително, давањето на развојниот правец на компанијата со започнување на нови проекти на компанијата за следните 5-6 години со обезбедени средства, а особено ќе ги истакнам добиените грантови (неповратни средства) во висина од 12,9 милиони евра за реализација на истите, ќе кажат за тоа како сум ја водел компанијата. Особено ќе го потенцирам претстојниот крупен зафат: градбата на интерконективниот далекувод кој ќе претставува поврзување на енергетските системи на Македонија и Албанија и трафостаница 400/110 киловолти во Охрид за кој проектирањето е во тек. За жал освен убавите мигови на славење на успесите, постоела жртва. Жртва било времето за семејството, времето поминато со децата, здравјето… По поминати 4 години на чело на компанија која од економски аспект се рангира во големи, со успеси, со стресови, со стекнување нови познанства и пријателства од редовите на вработените и од деловните партнери, но секако и непријателства, се најдов на нов крстопат, истекување на мандатот и можноста за негово продолжување или посветување на запоставените обврски, надоградбата на сопственото образование…

Моменталното решение е продолжување на работните обврски на некое друго ниво на кое моето професионално стекнато искуство ќе беиде употребено соодветно, на место на кое сум потребен, во компанијата АД ЕЛЕМ Скопје од која заминав пред 4 години, преземајќи ја функцијата генерален директор во МЕПСО АД. Секако истото се однесува и за приватниот живот. Воедно посакувам успех на наследникот во МЕПСО АД“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com