Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмСинеплекс со обновен репертоар – пристигна трилерот „Подарок“

Синеплекс со обновен репертоар – пристигна трилерот „Подарок“

Од денеска во Синеплекс стартува прикажувањето на мега хитот „Подарок“, филм кој се фокусира на животот на еден брачен млад пар, кој станува неподнослив откако нивниот познајник од минатото ќе им достави загадочен подарок и ќе им открие тајни кои дотогаш биле длабоко закопани.

Во улога на сценарист и режисер и актер се јавува Џоел Еџертон, сите сили се потруди да донесе некои уникатни решенија за да се дистанцира од трилерите како  „Страв“, „Фатална привлечност“ и „Скриено“.