Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимСиндромот на Алиса во земјата на чудата постои и без LCD дрога

Синдромот на Алиса во земјата на чудата постои и без LCD дрога

Книгата за деца Алиса во земјата на чудата можеби не е најдобро прилагодена за возраста бидејќи многумина ја поврзуваат со „трипови“ кои се јавуваат по употреба на халуциногени дроги, но во медицината има и случаи на пациенти кои го доживеале овој синдром и без употреба на LSD.

Alice

Клиниката за неврологија во Израел имала пациент кој одредено време бил зависник од алкохол, марихуана и LSD, но чудно е што дури и по откажувањето на пороците имал слични визии опишани во книгата Алиса во земјата на чудата, односно гледање на луѓето и предметите во изобличени пропорции со халуцинации.

Невролозите се сомневаат дека синдромот Алиса во земјата на чудата се јавува кај одредени пациенти со специфично мозочно заболување кое го погодува токму центарот за перцепција на облиците и формите и нивниот светоглед е речиси идентичен како и да сте издрогирани со LSD. Ваквите случаи се многу ретки и се уште нема целосна медицинската историја на симптоми и точни причини за заболувањето кое не е опасно по живот.