Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСиндикатот со осуда за третманот на новинарите пред Клубот на пратеници

Синдикатот со осуда за третманот на новинарите пред Клубот на пратеници

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро го осудува третманот кон новинарските екипи од страна на политичката елита оставајќи ги со часови да чекаат пред Клубот на пратеници, без притоа да им создадат соодветни услови да си ја вршат својата професионална задача, а ваквата пракса се провлекува постојано.

ssnm

Синдикатот сака да потсети дека таквиот однос, кој што се повторува во континуитет, не е однос кон новинарите и медиумите, туку е однос кон јавноста генерално, со што политиката покажува колку ги цени сопствените граѓани и нивното право да бидат информирани.

Цинизмот на политичките елити во нивниот потценувачки и понижувачки однос е дотолку поголем, бидејќи вчера требаше да се преговара за ДИК, но и за истите тие медиуми чии што претставници беа оставени со часови на студ да ги чекаат резултатите од преговорите, се вели во реакцијата на ССНМ.