Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСиндикатот на војниците најави протест против девалвирањето на професијата

Синдикатот на војниците најави протест против девалвирањето на професијата

Синдикатот на одбраната и безбедноста најави протест на 21 мај со кој ќе направат обид да го привлечат вниманието на Министерството за одбрана кое не превзема никакви мерки за подобрување на стандардот на војниците, а доколку нивните барања не бидат исполнети ќе се штрајкува.

„Синдикатот како социјален партнер на Министерството за одбрана подолг временски период одржуваше преговори со надлежните лица во Министерството за одбрана, во насока на подобрување на стандардот на вработените, односно зголемување на платите на вработените во МО и АРМ“, се вели во соопштението на СОБ.

Главните барања се зголемување на платите за 20% во почетната фаза и приближување до примањата кои ги имаат вработените во полицијата и царината како и зголемување на дневниците. Припадниците на АРМ се ангажирани и на јужната граница и се справуваат со мигрантската криза.