HomeДЕНЕШНАЕкономијаСиндикатот на Југохром ја блокира Судска палата, бара да се врати на работа, филтри може да се постават

Синдикатот на Југохром ја блокира Судска палата, бара да се врати на работа, филтри може да се постават

jugohrom_protest

Синдикатот на Југохром и работниците излегоа на протест во Скопје со тоа што еден час ќе ја блокираат раскрсницата пред Судската палата. Тие бараат да се тргне забраната за работа на фабриката, да може да се вратат на работните места бидејќи поставувањето на филтри во текот на работниот процес е сосема возможно.

Се очекува да биде доставено и протестно писмо до Инспекторатот на Министерството за животна средина за да се повлече мерката за забрана за работа на комбинатот од каде егзистенција обезбедуваат неколку илјади жители на Јегуновце и регионот.

„Југохром“ не работи дваесетина дена, а печките беа исклучени бидејќи не беа монтирани филтрите за заштита на животната средина.За комбинатот ова беше краток рок, а вработените образложуваат дека и во услови кога компанијата не работи мерните станици во Тетово бележат висока концентрација на штетни честички во воздухот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com