Синдикатот на трговски работници бара проверка од КХВ за преземањето на Макпетрол
Синдикатот на работниците од трговијата на Македонија упати барање до Комисијата за хартии од вредност да провери кое лице стои зад преземањето на Макпетрол.
„Очигледно е дека компанија со 1.000 евра капитал не може да обезбеди сопствени средства за да го изврши преземањето, односно чиј е капиталот кој служи за преземањето, а после тоа да се провери дали тој што стои зад преземањето е угледен и искусен стопанственик во нафтениот бизнис, кој има кредибилитет и нуди гаранции дека нема да бидат загрозени работничките права на над 2000 вработени во Макпетрол АД Скопје и другите компании каде Макпетрол е сопственик“, се вели во барањето.
Синдикатот изразува надеж дека КХВ ќе донесе одлука со која ќе бидат заштитени работничките права.
Извор: reporter.mk